Музеј на современата уметност - Скопје

 

Контакт информации

Адреса:
Самоилова бб, П.фах 482
1000 Скопје
Република Македонија
Телефон: (02) 311 77 34

>> Повеќе информации

>> Локација - мапа


Bookmark and Share
 
Импресии: Берлинска ликовна сцена
19.06.2009 - 19.08.2009

Барбара Кавенг, Имам еден сон, 2001, фотоинсталација

Јован Балов
Портрет на татко ми Ристо Балов, 2009, акрилик на платно, 95х105 см

Константино Шиерво, Ќелија, 2006, видео објект

"Во Берлин доаѓаат сè повеќе уметници од цела Германија и од целиот свет, кои среде овие структури се наоѓаат во сегашноста, се сретнуват со сите социјални, економски и политички проблеми кои денес со себе ги носат глобализцијата и помалку воздржаниот капитализам и сепак пронаоѓаат услови во кои добро се живее и работи, доколку успеат да се справат со непријателствата кон странците и расизмот во источниот дел од градот. Уживајќи во слободите, многумина ументици ги преработуваат не само своите, делумно нарцистички, впечатоци, туку и кризите на едно сè понесигурно општество во транзиција. Тие делумно експресивно, делумно иронично плакативно или разиграно, со задскриена шега се справуваат со проблемите и структурите на своето време и ги прават транспарентни онаму каде што досега биле задскриени зад потребите на консументот."

"Самата изложба \'Импресиите на современата уметност во Берлин\' претставува скромен обид со примери и истовремено прегледно да се поставуваат прашања од и за општествените реалности во Берлин. Во еден медиумски отуѓен свет, во пресеците на виртуелната со честопати брутална социјална реалност, сè почесто се јавува желбата да се побегне од светот на поврзаностите, молскавично брзо исечените фрејмови, од напливот од слики во реално време, да се сопре она што изчезнува во времето како движење. По ситите години на своеволноста, на општеството за задоволства и постмодерниот екелктицизам кој посегнува и по други освен по сопствените творечки остварувања (ремикс, римејк), сè повеќе уметници, и тоа токму меѓународните, повторно се судираат со реалноста. Освен знаењето за тоа што го составува и држи светот, за ова им е потребна и добра занаетчиска пракса, како би можеле прецизно и истовремено во ритам на времето да ги изразат свотие впечатоци. Денешната практика на инсценирање има цел да ги имплементира уметничките позиции и културното знаење во нови контексти. Поставувањето, семплингот, цитирањето, следствено на стратегиите за потсетување, даваат вовед во современата уметност. Размислувањата за реалноста, за односот на уметноста, природата, културата, општеството, науката и техниката се повеќе (повторно) стануваат предмет на уметничките светови на сликите и се влеваат во различните форми на претставување кои не познаваат граници."

"Од логистички и практични причини во средиштето на изложбата се цртежи, средно форматно сликарство, графика, видео и медиумска уметност, фотографии, мали колажи и инсталации. Делата се аранжирани во согласност со соодветните изложбени простори во Скопје. За основа ги земам принципите „монтажа на обликување во врска со дадениот простор”, содветно на принципите на монтажа во музиката, литературата и пред сè во филмот, така што самиот посетител преку своите сетила би можел да си создаде насоки, впечатоци за еден дел од современото творештво во Берлин."

Ролф Килц-Мекензи
Берлин, февруари 2009

 

 

\"\"\"\"\"\"

 

 
Национална колекција