Музеј на современата уметност - Скопје

 

Контакт информации

Адреса:
Самоилова бб, П.фах 482
1000 Скопје
Република Македонија
Телефон: (02) 311 77 34

>> Повеќе информации

>> Локација - мапа


Bookmark and Share
 
Синестезија
19.11.2009 - 20.12.2009

Изложбата е поттикната од оние сетилни и духовни сензации кои се базичен мовенс на синестезија, феномен што од сликата предизвикува звук, од звукот визуелна сензација,од вкусот мирис…слика, допир…а тоа искуство или депонирана меморија, неосвестена слика …недефинирано чувство…ја повикува евокацијата и понекогаш да ја преплетува со освестеното ангажирање на сетилата.

Сето искуство меморирано во нашите клетки , во сложениот механизам на мрежата на духовниот и рационалниот систем, го подразбира дуалитетот на телото и духот. Густината на духовната енергија во телото е оној примарен двигател за препознавање на идејата и на флуидот на нејзиното толкување.
Перципирање на реалното, условно земено како стварност, се доведува до степен на регистрирање во умот кој е дефинитивно изолиран од слоевитото сетило. А тоа, во својата комплексност комуницира самостојно, ослободено… од анализите на умот, од знаењето, од наученото, од предрасудите... и од баластот на егото.

куратор: Викторија Васева Димеска


Учесници на изложбата:
Томе Аџиевски, Тони Мазневски, Жанета Вангели, Искра Димитрова, Благоја Маневски, Јован Шумковски, Станко Павлески, Велимир Жерновски, Ѓорѓе Јовановиќ, Вана Урошевиќ, Јане Чаловски, Исмет Рамиќевиќ, Јован Балов, Отец Методиј Златанов и групата ОПА (Слободанка Стевческа и Денис Сарагиновски)


 

 
Национална колекција