На 9 мај во Музејот на современата беше отворено 10-ото Биенале на млади уметници. Темата оваа година "Солидарност, 50 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје" го одбележува и раѓањето на идејата за отворање на МСУ, како светска солидарна акција. ... повеќе >>
Оваа селекција од 80 графики е сведоштво за постојаната фасцинација на Мур од бескрајните можности на графиката. Во 1984 година Хенри Мур му подари повеќе од 200 графики на Британски совет по повод неговото педесетгодишното постоење, со цел да ја збогати неговата збирка. ... повеќе >>
Александар Станкоски-Ацо со целото творештво, од 80-тите години на 20. век до денес, пред луѓето распостила елементи на несекојдневна уметничка и човечка (авто) биографија. Со делото „Ж'то на ж’то” & постмодерен модернизам од 2005 година, тој како да го сумира својот изминат творечки пат со сите недоумици, противречни и инверзни процеси. Личниот немир и егзистенцијалната тегобност одеа рака под рака ... повеќе >>
Изложбата Текстура на животот го истакнува особениот интимистички и лирски сензибилитет во фотографијата на Блажев. Спротивно на неговата досегашна практика на тематски конципирани изложби, Блажев овој пат се реши за еден вид ретроспекција на неговото досегашно творештво, но секако не во смисла на сопствена историзација, туку пред сè како прилика за продлабочена рефлексија на своите естетски и авторски позиции. Изборот со кој се претставува се состои од поединечни претходно необјавени или неизложувани фотографии ... повеќе >>
Иако во современата уметност како тема е присутна веќе повеќе децении, родовата проблематика, најмногу заради недоречената комплексност, продолжува и понатаму да биде актуелна.
Христина Иваноска со своето ново дело “Ова е земјата во која младите девојки прснуваат во смеа без многу двоумење”, продолжува на свој начин да ја интерпретира идејата за можните премини помеѓу условните родови категории. ... повеќе >>