|
|
|
|
07.12.2004 - 24.01.2005
Петтата самостојна изложбата на белгиската уметничка Мо Рамакерс (родена 1963; Академија за ликовни уметности завршила во Мастрихт во 2002), донесува една концепциски извонредно избалансирана и ликовно јасно артикулирана целина, составена од 25 слики и сложени скулпторски инсталации, во кои се бави со отворените прашања за односот меѓу политиките на моќ и проблемите на индивидуалноста во денешното општетство. ... повеќе >>
|
|
|
|
|
07.12.2004 - 24.01.2005
Сашо Поповски се претставува со 11 скулптурални објекти, кои што се материјализација и симболичко претставување на некои од клучните настани во македонската политичка и општествена стварност во последните години. ... повеќе >>
|
|
|
|
|
07.12.2004 - 30.01.2005
Изложбата Геометриската апстракција и оп-артот низ колекцијата на МСУ Скопје ги опфаќа разните форми на геометриска и постгеометриска апстракција во уметноста во втората половина на минатиот век. Појавите на геометризмот во овој период, во формална и во идеолошка смисла се во директна врска со авангардните движења од почетокот на ХХ век ... повеќе >>
|
|
|
|
|
10.11.2004 - 24.11.2004
Место е амбиентална инсталација составена од четири скалести објекти обликувани на три нивоа и исликани во четирите основни бои: сина, црвена, зелена и жолта боја. Бојата има симболичко значење и е во релација со четирите елементи: Воздух, Оган, Вода и Земја. Оваа идеја е надополнета со вертикалните плексиглас кутии, кои ја следат висината на човекот со цел да се покани гледачот да влезе во нив, претходно одбирајќи ја бојата на “постаментот” според сопствената интуиција. ... повеќе >>
|
|
|
|
|
01.11.2004 - 24.11.2004
Хорст Јансен (1929 – 1995) спаѓа меѓу денес најзначајните и најпродуктивни германски графичари. Изложбата на ИФА од Штутгарт е составена од 100 бакрописи кои го следат хронолошки и тематски творештвото на уметникот од крајот на 1950-те до средината на 1970 години. ... повеќе >>
|
|
|
|
|
15.10.2004 - 18.11.2204
Инсталацијата Бродот на Моцарт на познатиот македонскиот ликовен уметник Антони Мазневски е во духот на досегашната негова ликовна поетика, означена со нагласена интимност и метафизичка аура. Проектот е визуелно крајно едноставен. Телото на стар истрошен едреник (80 x 200 x 650 см.) е обновено и неговата горна хоризонтална површина е обликувана во жичан музички инструмент. ... повеќе >>
|
|
|
|
|
07.10.2004 - 30.10.2004
Проектот “Простор” опфаќа содржини што произлегуваат од два долгорочни циклуси во творештвото на Петре Николоски: проектите поврзани со храната (“Сите патишта водат кон стомакот”) и проектите што се обединуваат под насловот “Дневник”. Изложбата е составена од повеќе поединечни остварувања проткаени во една просторна и амбиентална целина. ... повеќе >>
|
|
|
|
|
16.09.2004 - 07.10.2004
По претходно направен концепт “Процес” се градеше 15 дена на лице место во Музејот на современата уметност. Ова обединување на едно место на три сосема различни по карактер контексти: уметничко студио/ работилница, изложбен простор и судска сала, на чудесен начин нè воведува во мемлосаното атеље на сликарот Титорели од романот “Процес” на Франц Кафка. И кај Кафка и кај Тошевски, независно, се посочува на стравотната раширеност на администрацијата и на нејзината аподиктична наметнатост над општеството, во случајов и над творците. ... повеќе >>
|
|
|
|
|
15.09.2004 - 28.09.2004
Сликите од историјата на сликарството за Ирена Паскали се како палимпсест - зад избледените слоеви, кои со текот на времето се таложеле напласт врз напласт, таа ја бара одамна загубената смисла. Одамна испазнети од сопствениот полнеж, иконографските матрици и старите ликовни композиции неочекувано се исполнуваат со слики од стварноста во чија фокална точка се наоѓа телото на авторот. ... повеќе >>
|
|
|
|
|
05.08.2004 - 25.08.2004
Изложбата под наслов “Новиот центар“ (“Die Neue Mitte”) не само што го обработува соодветниот политички концепт, туку прикажува и слики од берлинскиот нов центар (“Berlin Mitte“), претставувајќи ја истовремено Германија како европски “Нов центар“. ... повеќе >>
|
|
|
|
|
09.07.2004 - 03.08.2004
Изложбата насловена “Пејзажи а-ла-турка “ од младиот Реџеп Алпај е прво големо претставување на уметникот во чии што дела е присутно влијанието на Источната филозофија и метафизичкиот концепт на суфизмот. ... повеќе >>
|
|
|
|
|
29.06.2004 - 22.07.2004
Изложбата на Костис Георгиу е дел од проектот Олимпијада на духот организирана во чест на летните Олимписки игри во Атина. Проектот се реализира низ пет самостојни изложби на уметници од пет балкански земји: ... повеќе >>
|
|
|
|
|
25.06.2004 - 07.07.2004
Изложба на моден дизајн.
Селекција на модели од 6 колекции работени од 2000 до 2004 година.
Рачно изработени уникати, филигран, сериграфии во ограничени серии.
... повеќе >>
|
|
|
|
|
03.06.2004 - 28.09.2004
Улица е најновиот проект на реномираниот македонски склуптор Петар Хаџи Бошков (роден 1928 во Скопје). Инсталацијата се состои од 2500 фигурини и е инспирана од големото археолошко откритие, кога во Кина во 1974 година беа откопани 7000 теракотни војници во природна величина. Фигурините на Петар Хаџи Бошков се навидум идентични, но всушност, секоја од нив е различна и индивидуална, со сопствено движење, гестикулација и карактер. ... повеќе >>
|
|
|
|
|
28.05.2004 - 28.06.2004
Берлин е еден од многуте градови со мулти-национална популација. Тој е исто така и сцена на пропаста на реалниот социјализам, граница на двете Гемании и дом на втората и третата генерација доселеници. Токму така изгледа и уметничката сцена: интернационална и мулти-национална. “Ни на небо, ни на земја“ е изложба што ги истражува тензиите што настануваат меѓу чувствот на припадност на различно културно потекло ... повеќе >>
|
|
|
|
|
20.05.2004 - 20.06.2004
Газанфер Бајрам дипломира на Ликовната академија во Белград, Југославија, кадешто ги завршува и пост-дипломските студии по монументално сликарство. Специјализира фреско сликарство и мозаици во Белград и во Равен, Италија. Изведува мозаици во Македонија, Италија, Турција, Канада и на повеќе места во поранешна Југославија. ... повеќе >>
|
|
|
|
|
07.04.2004 - 30.04.2004
Графичкото творештво и изработката на илустрации за книги претставува значаен сегмент во творечкиот опус на Макс Ернст, една од големите фигури на уметноста на ХХ век. ... повеќе >>
|
|
|
|
|
12.02.2004 - 05.03.2004
Она што фасцинира во овој проект е фактот што Јован Шумковски “изгради” цел еден град, “голем” град”, и тој град, заедно со видеото, е подарок за неговиот пријател од младоста -Ноне, “мал човек”, ограничен во своите можности на движење, но не и во своите животни потреби и можности за комуницирање. ... повеќе >>
|