Музеј на современата уметност - Скопје

 

Контакт информации

Адреса:
Самоилова бб, П.фах 482
1000 Скопје
Република Македонија
Телефон: (02) 311 77 34

>> Повеќе информации

>> Локација - мапа


Bookmark and Share
 
26.12.2006 - 26.01.2007
Определен за етичката и религиозна димензија на уметноста, Новица Трајковски во своето најново претставување во Музејот на современата уметност ја обработува библиската тема на божествената љубов и на идејата за враќање на нејзиниот непресушен извор, како што гласи и насловот на изложбата. Изложбата опфаќа пет тематски циклуси претставени преку 32 слики, работени во класичната техника на масло на платно: ... повеќе >>
04.11.2006 - 10.11.2006
Независниот цртачки настап (Independent Drawing Gig-IDG) е проект реализиран според идејата на литванскиот уметник Линас Јаблонскис и претставува спој на современиот цртеж со независната музичка сцена. Спојувајќи ги заедно креативната и емотивната врска, која постои помеѓу цртежот и музиката, обединувајќи аспекти како нарацијата, лириката, енегија и став, комплетноста на гестот и намерата, IDG инспирира ново искуство од слики и звук ... повеќе >>
20.10.2006 - 10.11.2006
Наградата за сликарство, скулптура и графика или цртеж на весникот Нирнергер нахрихтен, која оваа година се оддржува по 14 пат, има за цел да го вреднува и поттикнува творештвото на уметниците кои живеат и творат во Франкискиот регион на Северна Баварија. ... повеќе >>
05.10.2006 - 06.11.2006
Изложбата е организирана од АФА Париз и произлегува како резултат од издавањето на книгата Les Illustres во 2002 од страна на асоцијацијата “Un sourire de toi et j’quitte ma mere“ (Само една твоја насмевка и ќе ја напуштам мајка ми“), во која станува збор за иновациите во современата графичка уметност и печатарството, во иустрацијата на киги и комуникациите. ... повеќе >>
22.09.2006 - 22.09.2006
Иницијален елемент на проектот “Секојдневна уметност, уметноста на секојдневието“ на Верица Ковачевска се двете клучни прашања Дали секојдневието е континуиран уметнички перформанс? и Дали уметноста може да биде една рутинска и дисциплинирана секојдневна активност? ... повеќе >>
05.09.2006 - 16.10.2006
Дали циклусот на овие фотографии на Ива Димеска рефлектираат одреден револт кон ефтиното и површното? Дали кај нас за прв пат се реагира на запоставувањето на нејзиниот статус и позитивно зрачење? Дали модата е сфатена како: облик и начин на облекување...актуелен и доминантен облик на однесување, забава или потрошувачка масовна култура... ... повеќе >>
25.08.2006 - 10.09.2006
“Ветер на мирот II” е втор дел од изложбата, која ги претставува делата на 12 јапонски сликари и графичари од различни генерации. ... повеќе >>
25.07.2006 - 20.09.2006
На средина од студиите на Ликовната академија Минерва во Гронинген, холандскиот уметник Јап де Руиг (1957), си рече: “По ѓаволите со уметноста“. Едно утро, тој едноставно стана и го напушти домот, упатувајќи се кон југот. Дојде до една фарма во Франција и таму остана неколку години. ... повеќе >>
13.07.2006 - 30.07.2006
Иако веќе има достигнато завидни висини, берлинската уметничка сцена е сe уште во подем. Една од значајните промени е нејзината спонтана децентрализација и нејзината експанзија во другите делови на градот. Додека во минатото местата на уметничкото збиднување од секаков вид беа сконцентрирани во центарот на Берлин, во последните години особено алтернативната уметност го наоѓа своето место во деловите во и околу Берлин - Мите: Кројцберг, Пренцлауер Берг, Фридрихсхајн, Тиргартен и секако Вединг нудат културна и уметничка програма од особен вид. ... повеќе >>
09.06.2006 - 09.07.2006
Проблемски поставената изложба и текстот се иницирани од фактот што Димо Шумка (1919-1999) е еден од десетината македонски уметници на изминатиот век, чии што дела останаа вон од релевантните критички толкувања и оттаму од оценките за нивниот историски придонес во контекстот на македонската уметност по Втората Светска војна. ... повеќе >>
08.06.2006 - 03.07.2006
Проектот Педесет или педесет содржи осум објекти изработени во метал, пластика, печатни цифри и видео материјал. ... повеќе >>
25.05.2006 - 06.06.2006
Проектот “Децата на Африка“ е снимен во декември 2005 за време на 10 дневниот престој на Франкофонските игри во Ниамеј. Покрај изложбата на 110 црно-бели фотографии, проследени со избор на поезија од Ацо Шопов и Сенгор, како паралелен настан тече видео запис кој не префрлува во просторот кадешто се настанати фотографиите. ... повеќе >>
20.05.2006 - 04.06.2006
Ова особено се однесува на младиот, но веќе афирмиран автор Филип Фиданоски. Тој од самиот свој творечки почеток јасно дава до знаење дека керамиката во неговите раце ги проширува зададените координати на дисциплината, прераснувајќи во средство со кое го ткае сопствениот мисловен и ликовен јазик. Поточно, преку играта на ликовните знаци, тој од керамичките форми извлекува еден вид на нарација која преку повеќеслојни алузии зборува за животните искуства на уметникот. ... повеќе >>
05.05.2006 - 05.06.2006
Самостојната изложба на Нехат Беќири опфаќа дел од творештвото на уметникот создавано во периодот 2000 – 2005. со акцент на неговите најнови дела. Нехат Беќири е сликар кој негува вид на сликарство што условно би можело да се поврзе со појмовите на новиот енформел и новата апстракција. ... повеќе >>
12.04.2006 - 30.04.2006
Постојат дупки во нашата меморија. Постојат празнини во градските структури. Постои и ’ужасот на празнината’ (horror vacui) во сликарството. Исто така, постои и испразнетата сцена како манифестација на современиот театар. Меѓутоа, не постои дупка каков што е меморискиот вир на нашите симболични почетоци, вирот што ја ништи обичната логика на смисла и бесмисла и е место од коешто потекнува битието наспроти апсолутот на не-постоењето. ... повеќе >>
16.03.2006 - 10.04.2006
Фотографот е набљудувач, визонер. Лице кое се храни со она што го гледа и го преведува или трансформира со фотографскиот апарат како прекрасен инструмент. Пред да стане откривач на една пикселизирана вистина, објективот е пред сè лупа, ефект којшто соголува, репродуцира и одразува емоции, соништа, рани, удвојувајќи ги до бескоечност... ... повеќе >>
09.03.2006 - 03.04.2006
На 11 Зимски салон, кој го организира Друштвото на ликовни уметници на Македонија и кој е поставен во дел од изложбените простори на Музејот на современа уметност, прикажани се делата на уметниците пријавени на конкурсот на оваа асоцијација и избрани од д-р Ролф Килц Мекензи. ... повеќе >>
28.02.2006 - 13.03.2006
Пародиската определба за насловот Кино Напредок, инициран со изложбата на Станко Павлески и Томе Аџиевски во културниот центар “Точка”, ги рефлектира состојбите во нашето општество, мотивирана од сознанието за испревртените вредности во неговото функционирање. Авторите поконкретно алудираат на слабите точки во политичкиот и културниот систем, на лицемерието, лажните вредности и претставувања на состојбите. ... повеќе >>
19.01.2006 - 26.02.2006
Движењето кон архитектонскиот модернизам започна во 1920-тите во Германија како протест против имитацијата на историските стилови кои беа доминантни до самиот крај на Првата светска војна. Тогаш новоформираната република сакаше да го покаже политичкото раскинување со минатото и преку нејзината архитектура, со употребата на еден нов, формален јазик и нови типови на градби и на просторни концепти. ... повеќе >>
 
Национална колекција