Музеј на современата уметност - Скопје

 

Контакт информации

Адреса:
Самоилова бб, П.фах 482
1000 Скопје
Република Македонија
Телефон: (02) 311 77 34

>> Повеќе информации

>> Локација - мапа


Bookmark and Share
 
25.12.2008 - 09.02.2009
Апстрактното сликарство завзема централно место во историјата на модерната и современа македонска уметност во 20. век. Во таа историја, обележена со творештвата на Мазев, Калчевски, Анастасов, Шијак, Перчинков или Луловски, делото на Драган Петковиќ (1952-2004) се вбројува во последните значајни изрази на идејата на модернизмот за автономија на уметничкото дело, но и дело кое исто така претставува дел од уметноста на постмодерната епоха. ... повеќе >>
18.11.2008 - 15.12.2008
Димче Николов претставува клучна фигура во поттикнувањето на развојот на современата македонска графика и со неговата појава, кон крајот на 70-те години на 20-от век, оваа уметност доби поинаква димензија и квалитет во Македонија. Тој даде свој значаен придонес во третирањето на графиката како самостоен ликовен медиум, поставен на исто рамниште со сликарството и со скулптурата. ... повеќе >>
05.11.2008 - 15.12.2008
Поттикната од реченицата што се среќава постојано во сите печатени медиуми кога се дава осврт или рецензија за една претстава во театарот, операта, балетот: “… костимите беа во функција на претставата...”, со поставувањето на оваа изложба сакам да посочам, да документирам и да презентирам една креативност на уметник што го реализира својот уметнички израз во костимографијата, како дел од применетата уметност. Со презентирањето на костимографијата надвор од рамките на театарот ... повеќе >>
12.09.2008 - 20.10.2008
Проектот “Почетоци” на Станислав Памукчиев, со кој се презентира во Музејот на современата уметност-Скопје, претставува едно селектирано поврзување на сите фази во неговото творештво преку поставување на слики, објекти и инсталации во еден простор. Преку овој проект ја откриваме творечката зрелост на авторот, видлива низ јасниот синтетичен ракопис кој се движи во доменот на енформелниот јазик, кој своја рефлексија има дури и во постмодернизмот. ... повеќе >>
04.09.2008 - 29.09.2008
Проектот Should I Stay or Should I Go? (Да останам или да си одам?) на Нада Прља се бави со бруталните социо-економски процеси на неправедно искористување на работниците на релација богати и развиени и сиромашни и неразвиени општества, како и со длабоките егзистенцијални и морални судири кои произлегуваат од овие разлики во денешниот глобален свет. ... повеќе >>
02.09.2008 - 27.10.2008
Изложбата на Јан Саудек, еден од врвните чешки и светски фотографи е замислена како пресек на неговото творештво преку 51 фотографии, кои го доловуваат неговиот идеен и визуелен дискурс. Изложбата е дел од колекцијата на галеријата “Јан Саудек” од Прага. ... повеќе >>
06.06.2008 - 27.08.2008
"Реалноста е самата слика и таа сигурно не се наоѓа ВО сликата.” На пат кон автономијата на мотивот, Базелиц, кој во 1957 г. се пресели во тогашниот Западен Берлин, разви еден сопствен, сосем препознатлив ракопис: од 1969 г. тој ги превртува мотивите наопаку. Овој пресврт во претставувањето му донесува и пресврт во неговото дело. ... повеќе >>
14.04.2008 - 15.05.2008
Во септември 2005. фото агенцијата Осткројц направи 15 години од своето постоење. На изложбата Нов обид, која беше прв пат прикажана во Берлин, членовите на агенцијата ја искористија да фрлат поглед на Германија преку серија фотограии одбрани од самите фотографи. Осум карактеристични позиции издвоени од големата изложба, беа селектирани за оваа патувачка изложба на Гете институтот. ... повеќе >>
09.04.2008 - 18.05.2008
Унгарецот Тибор Чепеи (професор, историчар и музичар) како вљубеник во уметноста на Виктор Вазарели создаде сопствена огромна колекција, од над130 дела. Тој имаше несекојдневно чувство да селектира творби кои во неговата збирка ќе го одржат континуитетот на авторовата творечка активност од 1930. до 1990. ... повеќе >>
29.02.2008 - 30.03.2008
Летото 2005 година го започнав процесот на аплицирање за Програмата за меѓународна соработка меѓу музеите на Американската асоцијација на музеите. Контактирав со Лилјана Неделковска од Музејот на современа уметност во Скопје, Македонија, и заедно го утврдивме концептот на изложбата. ... повеќе >>
06.02.2008 - 03.03.2008
Изложбата претставува 121 дело од 46 германски уметници во колекцијата на донации на Музејот на современата уметност. Доминантни, по број, се делата донирани во првите години од формирањето на институцијата (од 1965 до 1970) кои се, пред сé, врзани за чинот на солидарноста. ... повеќе >>
 
Национална колекција